ВИДЕО: Грчката „супер бабичка“ го оствари нејзиниот сон со windsurf да помине 18 наутички милји

Од:

Кусо пред 18 часот по локално време, по речиси шест часа, 81-годишната Гркинка Анастасиа Геролимату, вчера го оствари нејзиниот сон откако со windsurf помина 18 наутички милји преминувајќи од островот Кефалониа на Пелопонез.

Геролимату за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека го исполнила сонот што го имала уште додека била дете, иако беше речиси шест часа во морето, коментира дека времето и поминало многу брзо.

-Сега им ја предавам палката на младите, со порака никогаш да не се откажуваат во животот, колку тешкотии и да имаат. Ги повикувам да го засакаат морето, а мојата цел е да ги учам младите windsurf, вели 81-годишната Гркинка за АНА-МПА, откако пристигна на целта.

Со успешно поминатите 18 наутички милји со windsurf, според медиумите, грчката „супер бабичка“ си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди.

Геролимату, на 81 година, реши да исполни нејзин стар сон, во пресрет на подвигот порача дека „возраста е само бројка“ и истакна дека е аматер во спортот со кој се занимава веќе 41 година, а учела сама.

За време на нејзината, како што самата вели, Одисеја од местото Скала на островот Кефалониа до пристаништето во градот Килини на Пелопонез ја придружуваа два чамци.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ