Германија: Пченката со афлатоксин е од Србија

Од:

Министерството за земјоделство од Долна Саксонија потврди дека сточната храна со повисоко ниво на афлатоксин е направена од пченка која што пристигна од Србија, пренесе „Дојче веле“.

Имаме документ кој потврдува дека Србија е земјата на потекло-изјави портпаролката на министерството Наташа Мански.

Од друга страна министерот за земојделство на Србија, Горан Кнежевиќ негираше дека Србија минатата година извезувала пченка во Германија.

Германскиот весник „Шпигел“ објави дека најмалку 3.500 фарми во Долна Саксонија набавиле сточна храна, направена од пченка од Србија, која била заразена со афлатоксин.

Пченката според „Дојче веле“ првин стигнала во Браке и Бремен и на пристаништето во Долна Саксонија, по што германските фирми ја преработиле во сточна храна и им ја дале на фармерите.

Најмалку 10 илјади тони неисправна храна завршила кај животните, а 35 илјади тони се запрени на време.

Во фирмата „Тепфер Интернешнал“ од Хамбург која ја увезувала пченката од Србија, не сакале да зборуваат за оваа тема, но навеле дека таа пристигнала кон крајот на ноември 2012 година.

Според „Дојче веле“ со ова директно се демантира тврдењето на српските официјални лица дека Србија во 2012 и 2013 година не извезувала пченка во Германија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ролована баклава со ореви, чоколадо и бисквити

Емир Латифовиќ

„Златанбургер“ за 30 евра

Емир Латифовиќ

Ќе поскапат јајцата поради новиот начин на одгледување несилки

Емир Латифовиќ

Спорното млеко на „Дукат“ не стигналo до потрошувачите во Македонија

Емир Латифовиќ