Индустриското производство во јануари помало за 1,3 отсто

Од:

Индустриското производство во јануари 2013 година во однос на истиот месец лани е помало за 1,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударството и вадење камен бележи пораст од 17,6 отсто, во Преработувачка индустрија опаѓање од 4,5, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Енергија за 2,2 отсто, Капитални производи за 11,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто. Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 процент и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница