Битлси се виновни за епидемијата на дрога во Русија

Од:

Неконтролираната употреба на наркотици во модерна Русија потекнува уште од „Битлси“ и експериментирањето на овој британски рок состав со психоделични супстанци, изјави Јевгениј Брјун, шеф на одделението за борба против дрогата и алкохолизмот во руското Министерство за здравство.

„Модерните рекламни компании активно промовираат различни „задоволства“, вклучително и дрогата, со што се поткопува медицината“, изјави Јевгениј Брјун на прес-конференција во Москва.

Според шефот на одделението за борба против дрогата и алкохолизмот во руското Министерство за здравство медиумите мораат повеќе да промовираат кампањи против дрога и здрав начин на живот.

Во Русија има околу пет милиони наркомани, што е зголемување од 60 процнти од 2000 година, изјави шефот на федералната служба за контрола на дрога Виктор Иванов.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот