Во Битола одбележана годишнина од смртта на Милтон Манаки

Од:

Комуната на власите „Браќа Манаки“ денеска во Битола одбележа 49 години од смртта на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки.

Во комплексот Влашки гробишта каде се наоѓа вечниот дом на Манаки, цвеќе положија делегација на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, претставници на јавниот и културниот живот во градот, а за делото на Манаки пригодна реч одржа Стефан Хаџи Андоновски, член на здружението.

Во наредниот период општина Битола ќе го возобнови киното на браќата Манаки што се наоѓало на Широк Сокак во овој град. Според проектот поддржан од Министерството за култура и Кинотека на Македонија ликот на некогашното кино „Балкан“ ќе биде вратен со изградба на нов објект на старата локација во кој ќе има постојана музејска поставка, архивски материјал и фотографии, но и предмети од киното на браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Како што е познато, некогашното кино „Балкан“ на браќата Манаки во Битола работело во периодот од 1923 до 1939 година кога по еден пожар изгорело до темел. Во киното имало киносала со 395 нумерирани седишта. Филмската програма била обезбедувана од дистрибутерски филмски куќи на Балканот.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски