Дванаесет резервисти на јеменската армија загинаа денеска во самоубиствен напад во градот Лодер, во јужниот дел на Јемен.
“Бомбашот – самоубиец на Ал Каеда, го довезол автомобилот-бомба и го детонирал на влезот на зградата на владата”, изјави за АФП еден офицер од локалната територијалната одбрана.
Дванаесет “територијалци” – припадници на резервниот состав на армијата загинаа во нападот, изјави локалниот претставник.
Состојбата во Јемен, која со децении е нестабилна, се влоши во 2011-та, кога и таа земја беше погодена од “Арапската пролет” – бран на бунтови против владите на многу земји од Северна Африка и на Блискиот Исток.