Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во околината на турскиот туристички град Мармарис.
Дирекцијата за управување со непогоди и вонредни ситуации при канцеларијата на премиерот соопшти дека земјотресот се случил во 16:05 часот денеска во водите на Средоземното Море покрај летувалиштето Фетхије.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.