Едно лице обвинето за разбојништво во казино во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице, кое со засега уште едно непознато лице извршиле разбојништво во казино, при што со закана со пиштол одзеле над 126 илјади денари.

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие – пиштоли се заканиле на двајца вработени и одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, тие одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари, соопшти ОЈО.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма