Порторико бара да стане 51 држава на САД

Од:

Стотици луѓе во Порторико и САД протестираа барајќи островската територија со комонвелтски статус, да стане 51 држава на САД.

Демонстрантите побараа од Барак Обама да ги почитува резултатите од минатогодишниот референдум за политичкиот статус на островската држава.

Протести имаше и во Вашингтон, како и во Орландо на Флорида, а демонстрациите се одржаа токму на 96 годишнината од стапувањето на сила на законот со кој на граѓаните на Порторико им се одобрува американско државјанство.

На референдумот кој што се одржа во ноември минатата година 54 проценти од гласачите одговорија дека не се задоволни од комонвелтскиот статус на Порторико.

Додека на второто прашање дури 800.000 луѓе се изјаснија дека сакаат статус на држава која ќе биде во рамките на САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија