Романскиот министер за дијаспора Наталија Интотеро изјави денеска дека 9,7 милиони Романци, според најновите податоци, ја напуштиле државата.
Главни причини се корупцијата, слабиот квалитет на политичката класа и сиромаштијата, јавија романски медиуми.
Податоците се испратени од 70 дипломатски мисии на Романија.
Таа во отчетот за работата нагласи дека основното барање на Романците во странство за татковината е инфраструктурата – патишта, автопати, болници, училишта.
– Сите тие нешта би ги натерале да се вратат, вели Интотеро.
Меѓу причините за напуштање на Романија учесници во анкета ги нагласиле ниските плати, недостиг од работни места, стабилност, слаб квалитет на политичката класа и корупцијата.
Според министерката за дијаспора, бројот на Романци кои заминале во странство е „многу голем“.