Гласното кукуригање на петелoт Морис во едно француско село му пречи на неговиот сосед, кој инаку живее во град, а во селото Сен Пјер-Д’Олерон престојува само неколку недели годишно.
Првата реакција на неговото кукуригање рано наутро се случила пред две години кога сопственичката на Морис, Корин Фесу, соседите ја обвиниле за “загадување со бучава” и сите завршиле на суд.
Тогаш судот побарал од Корин да се потруди петелот да биде потивок, а таа за Си-Ен-Ен изјави дека во тоа село живее 35 години и такво нешто никому не му пречело дотогаш.
Ова е типичен пример за разлики помеѓу селската и градската средина, иако петелот е национален симбол на Франција.
Луѓето мора да разберат дека е ова село и мора да го толерираме кукуригањето на петлите. Сакам да ги заштитам сите петли во Франција, истакна Фесу која добива значајна поддршка.
Таа креираше интернет петиција за да го спаси Морис, кој сепак не присуствуваше на судењето за да не ја попречи постапката.