Сириската армија отворила оган врз втор турски воен авион кој учествувал во спасувачки операции за пронаоѓање на двајцата пилоти од авионот кој го урнаа во петокот, јави Си-Ен-Ен Турк.
Сириската страна побарала организирање заедничка акција, но поставила услови неприфатливи на туската страна.
Сирија барала остатоците од авионот и евентуално двајцата пилоти да бидат предадени на сириската страна. Анкара го отфрлила тој услов и навеле дека ќе продолжат сами да вршат потрага по пилотите.
На вчерашната средба во турското МНР, Анкара информираше дека сириските авиони нарушиле турско воздушно пространство во пет наврати. Анкара барала европските сојузници да изразат осуда за агресивното однесување на Сирија.