Околу 25.000 евра е олеснет Љ.К. од Старо Градко, Велес од непознат сторител.
Вчера наутро, помеѓу 04,30 до 07,30 на улицата „Гоце Делчев“, непознатиот ја скинал заштитната мрежа од прозорецот и влегол во куќата.
Украл 20.000 евра, 300.000 денари и три златни прстени, причинувајќи вкупна материјална штета од околу 1.500.000 денари.
Полицијата од Велес презема мерки за откривање на сторителот.