Британскиот кантавтор Ед Ширан откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн.
Во интервју Ширан зборувал за текстот на својата нова песна, која ја сними со Еминем и 50 Сент, „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.
– Всушност ја напишав пред да се венчаме, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена. Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: „Ох, па тие се венчале! Не знаев како тоа ќе се протолкува, но очигледно е дека веќе сите знаат, истакна популарниот пејач.
Ед Ширан и Чери Сиборн се познаваат од мали нозе, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, кога заедно заминале на забава која ја организирала пејачката Тејлор Свифт по повод американскиот Ден на независноста – 4 јули. Тие се вериле во јануари 2018 година.