Бернард Беј (32) е жител на Њујорк и ги тужи своите родители затоа што не го сакаат доволно.
Тој бара да му исплатат „скромни“ 200 илјади долари за претрпената тага во текот на својот живот од негрижата на мама и тато.
Бернард е бездомник и вината за ситуацијата во која се наоѓа тој ја наоѓа токму во неговите родители кои не му ја дале потребната љубов и поддршка. Избегал од дома кога имал 12 години и во едно интервју изјавил дека бил малтретират психички и физички што директно довело до тоа да израсне во човекот во кој е.