Јоханис ја нападна романската Влада дека ја игнирира волјата на граѓаните

Од:

Романската Влада ја игнорира волјата на сопствените граѓани со тоа што не ги усвојува препораките за борба против корупцијата на надлежното тело на ЕУ, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис.

Тој изрази голема загриженост што Романија и натаму е во фокусот на европските институции, пренесоа американските медиуми.

Во извештајот на „Групата на држави против корупцијата“(ГРЕКО) при Советот на Европа, што беше објавен во вторникот, се наведува дека Романија постигнала многу мал напредок во напорите за спречување на корупцијата на високо ниво.

Како што се наведува во извештајот, Романија во целост почитува само четири од 13 препораки за борба против корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите, како и дека делумно почитува три други.

Јоханис наведе дека коалицијата предводена од премиерката на Социјалдемократската партија, Виорика Данчило, уште еднаш доби црвен картон за „штетата што владата ја прави со модификувањето на правосудните и кривичните закони.

-Потезите на романските власти се во спротивност со препораките на ЕУ, рече Јоханис.

Социјалдемократската партија ги отфрли критиките на претседателот на државата , наведувајќи дека уште 14 други земји, меѓу кои и Франција и Германија, треба да ги имплементираат препораките од ГРЕКО, што значи дека Романија не е единствен случај, како и тоа дека владата го чека општиот консензус на државните здруженија, пред да ги усвои препораките.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија