Турската Влада има намера повторно да распише тендер за приватизација на магистрали и мостови со зголемена вредност до минимум седум милијарди долари, објави Заман.
Високиот совет за приватизација укина минатата недела тендер за приватизација на осум магистрали и два моста преку Босфор.
Во декември тендерот го доби конзорциум составен од турска компанија и малезиска компанија за 5,7 милијарди долари. Магистралите беа понудени со право на управување од 25 години.
Зделката до моментот не е завршена и сопственик на објектите останува државата, објави весникот.
Владата разгледува различни варијанти за продажба на тие магистрали и мостови и не е исклучено државата да реши да не ги продава во пакет туку да приватизира само дел од нив.