Украдени 32 икони од црквата „Свети Петар и Павле“ во Тресонче

Од:

Непознати сторители синоќа провалиле во цркавата „Свети Петар и Павле“ во малореканското село Тресонче и однеле 32 дрвени икони.

Од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, информираат дека во цркавата е влезено откако биле отсранети металните решетки на прозорецот од јужната страна и е во близина на олтарот на црквата.

Сторителите одзеле 5 големи и 27 помали икони, а неколку ги оштетиле. Кражбата утрово ја пријавил М.Д (39) од ова село, чиј татко единствен жител во селото ја забележал. Покрај полицијата, во утврдувањето на штетата и другите детали, ќе учествуваат и претставници од Заводот за заштита на културно-историското наследство.

Кражба на икони и други црковни предмети во оваа црква имаше минатата есен.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница