Првите фотографии од најпосакуваниот и веројатно најочекуваниот автомобил за оваа година – McLaren P1.
Според најавите овој модел ќе понуди досега невидени перформанси во сегментот на спортски автомобили што може да се возат на јавните патишта.
Со користењето на последните достигнувања од технологијата во Ф1, Британците развиле „болид“ кој има хибриден бензинско електричен 3.8 литарски V8 мотор што развива 903 коњски сили, а активната аеродинамика овозможува да биде постабилен и полесен за управување со зголемувањето на брзината.
Од компанијата тврдат дека со перформансите овој автомобил ќе може да конкурира и да се натпреварува со специјално развиените тркачки автомобили.