Ветеринарите во една клиника за животни во Бостон беа изненадени кога најдоа 19 бебешки цуцли во стомак на булдогот со име Мортимер.
Семејството Велси го донеле кучето на клиника, откако забележале дека тригодишниот булдог Мортимер има мачнина пред оброк.
Сопственичката го однела кучето на ветеринар кој му препишал лекови, но тие не помогнале и Мортимер целосно престанал да јаде.
Тогаш сопственичката го однела булдогот во Ангел медицински центар за животни во Бостон, каде што на рендгенска снимка откриле цуцли во стомакот на Мортимер.
Ветеринарите сметаат дека Мортимер со месеци ги земал цуцлите од двете деца на сопственичката.
Цуцлите биле отстранети без операција, а Мортимер вратил дома.