Општ суд на ЕУ во Луксембург пресуди против германската компанија за спортска опрема Адидас во спор со Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелетуалната сопственост која одби да регистрира знак на компанијата.
Судот пресуди дека Адидас не може да докаже дека трите нивни познати ленти заслужуваат да бидат заштитен знак – доволно караклтеристичен знак во ЕУ.
Компанијата Адидас соопшти дека е разочарана со одлуката и разгледува што ќе биде нивни следен чекор.
Пред три години Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелектуална сопственост отфрли да регистрира знак на компанијата наведувајќи дека не е доволно препознатлив во ЕУ, а судот ја поддржа таа проценка.