А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Земјава во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори

by А1он16/06/2019 - 09:1416/06/2019 - 09:27193
Share0

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.

Следете a1on на Instagram Instagram

Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската Комисија на 29 мај во своите извештаи.

До сега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок, а на амбасадорско ниво во Брисел интензивно се водат консултации и се расчистува патот до компромис изминативе денови. Според дипломатите во Брисел, голем број земји членки сметаат дека е потребна позитивна одлука за двете земји веќе во јуни, додека други сметаат дека одлуката треба да се одложи за на есен.

Во отсуство на компромис, одредени земји на ЕУ предлагаат да се надмине овој ќор-сокак во преговорите со тоа што би и се дало зелено светло на земјава, а одлуката за Албанија би се одложила во исчекување на поголем напредок во политичкиот дијалог со опозицијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал, двете најслаби точки на Тирана.

Следете a1on на Youtube YouTube

За сега низ бриселските кулоари кружат повеќе верзии на заклучоците кои би можеле да ги усвојат министрите во вторник, и во нив Албанија и Македонија не се раздвојуваат, а се дава заложба за конечна позитивна одлука во септември 2019-та. Но, преговорите помеѓу министрите во вторник допрва можат да донесат промени и изненадувања, брифираат дипломатите во Брисел, а одвојувањето на Скопје и Тирана не се исклучува.

Одлуката што ќе ја донесат министрите во вторник потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот Совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

eu

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео