САД се фокусирани на постигнување консензус за нападите во Оманскиот Залив

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е фокусирана на создавање меѓународен консензус за нападите врз нафтените танкери на Блискиот Исток, за кои САД го обвинуваат Иран, изјави американскиот вршител на должност министер за одбрана Патрик Шенахан.

– За мене и за советникот за национална безбедност Џон Болтон, како и за државниот секретар Мајк Помпео фокусот е на создавање меѓународен консензус за овој проблем, истакна Шенахан на прес-конференција во Пентагон.

Тој нагласи дека улогата на Пентагон во сето ова ќе вклучува размена на разузнавачки податоци, како што Централната команда на војската на САД направи во четвртокот кога јавно објави видео снимка на која се гледа како припадници на иранската војска отстрануваат неексплодирана граната од еден од танкерите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија