Коњановски: Сериозно оштетена браната во Слатино

Од:

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска го посети локалното население кое живее во околината на браната Слатино, општина Дебарца.

Коњановски изврши обиколка на браната, согледувајќи ја моментната состојба на акумулацијата и нејзиното полнење од Мраморечката река.

– Сакав на лице место да ја согледам состојбата со браната во Слатино која, како државни институции, изминативе денови редовно ја следиме. Оштетувањето е од сериозни размери. Останува координирано да делуваме во рамки на можностите и условите кои, за жал, не одат во прилог доколку се земат предвид временските прогнози, истакна Коњановски по посетата.

Министерството е во постојана комуникација со претствниците на Дирекцијата за зашттиа и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за животна средина, како и со останатите државни институции.

– Редовно контактираме и со професорите од Градежниот факултет кои извршија увид на состојбите. Како Влада сме тука, заедно со населението од Дебарца и во наредниот период остануваме тука, напомена заменик министерот Коњановски.

За време на посетата, претставниците од ДЗС и ЦУК информираа за досега преземените активности и најавија дека координираната комуникација ќе продолжи и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Над 500 килограми риба изловени од Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Почна изловување на рибата од Слатинското езеро

Емир Латифовиќ

Ќе се пренесат рибите за да се избегне еколошка катастрофа во Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Да се избегнува движење кај браната на Слатинско Езеро

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Состојбата на браните Пишица и Слатино се уште критична

Ана Ололовска