Темелковски: Состојбата со браната отежната од дождот

Од:

Ситуацијата со браната кај Слатинско езеро останува непроменета, иако се уште е крајно критична, рече за А1 Митко Темелковски, од Центарот за управување со кризи во Охрид.

-Состојбата од вчера е непроменета и нема дополнителни оштетувања на браната. Оштетувањата кои беа направени во текот на вчерашниот ден и на 23. февруари се истите, има извесно продирање на вода низ телото на браната но тоa е усмерено без да прави дополнителни проблеми од тие што веќе се направени. Моментално ситуацијата е под контрола и кризниот штаб е во постојан контат и ја следи состојбата“, рече Темелковски.

-Во текот на ноќта проблеми направиле обилните врнежи од дожд, но вишокот на вода преку преливникот ќе се одлее и ќе нема никакви проблеми. Неблагодарно е да се каже дали и кога би дошло до уривање на браната“, рече Темелковски.

Браната е изградена во 1963. година и според експерите функционира во посложени геомеханички услови од вообичаените, бидејки основата на теренот каде е изградена браната се базира на карпа која е составена од материјал познат како бигор. Затоа сериозна санацијата на браната треба да биде еден од главните приоритети на надлежните институции во наредниот период.

Доколку дојде до испуштање на водата од браната, според добрите познавачи на приликите ќе бидат потребни околу 20 дена. При евентуалноцелосно излевање на водата од браната најзагрозени би биле обработливите површини во селата Слатино, Слатински Чифлик и Издеглавје и дел од куќите во Слатиниски Чифлик.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Над 500 килограми риба изловени од Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Почна изловување на рибата од Слатинското езеро

Емир Латифовиќ

Ќе се пренесат рибите за да се избегне еколошка катастрофа во Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Да се избегнува движење кај браната на Слатинско Езеро

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Состојбата на браните Пишица и Слатино се уште критична

Ана Ололовска