„Радикал“: На 21 март Оџалан ќе упати повик до ПКК за прекин на огнот

Од:

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан на 21 март ќе упати повик до Курдската работничка партија за запирање на огнот, на денот кога се слави празникот Невруз (курдска Нова година), тврди весникот „Радикал“.

Според весникот, Оџалан оваа своја одлука им ја кажал на делегацијата од тројца пратеници на прокурдската Партија за мир и демократија, која во саботата го посети на островот Имрала, каде тој ја изддржува казната доживотен затвор.

Оџалан има намера лично да го упати повикот. Тој го избрал 21 март затоа што на тој ден огновите на празникот Невруз како за Курдите, така и за Турците, ги симболизираат пролетта и мирот.

Весникот забележува дека повикот за примирје ќе биде првиот чекор од планот од четири фази за мирно надминување на курдскиот конфликт. Вториот чекор од планот предвидува повлекување на приближно 4.000 курдски бунтовници од територијата на Турција. Според весникот „Радикал“, кон повлекувањето се очекува да се пристапи во текот на мај-јуни.

Третата етапа ќе ги вклучува преговорите со цел бунтовниците да го остават оружјето, што ќе доведе до четвртата етапа – конечното разоружување на организацијата.

За време на средбата со пратенциите од ПМД станало јасно дека Оџалан напишал три писма – до раководството на Курдската работничка партија (ПКК) во планината Кандил во северен Ирак, до кадрите на организацијата во Европа и до Партијата за мир и демократија, забележува весникот.

Во писмата се изложени чекорите од мировниот процес, што треба да доведе до разоружување на организацијата.

„Радикал“ забележува дека писмата ќе бидат предадени неделава.

Според весникот „Милиет“, Оџалан се согласил писмата да бидат предадени преку припадници на турското разузнавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски