Горивата поевтинуваат до три денари

Од:

Од ноќеска на полноќ за три денари се намалуваат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95