Минливоста на животот, појавата на длабоки брчки како и грижата околу соодветната облека, се работи кои жените најмногу ги загрижуваат кон средината на 40-тите, кога сериозно се загрижени и од последиците на стареењето.
Луѓето се незадоволни од самите себе во 40-тите години од животот, но веќе во 46-та година почнуваат да се плашат од стареење и минливоста на животот, покажа студијата на Универзитетот Тринити, со која беа опфатени 1000 жени на возраст од 18 до 87 години.
Истражувачите откриле дека по 46-тата година жените многу почесто ги спомнуваат знаците на стареење и се загрижени од самите последици, пишува Дејли Меил.
За стареењето многу често размислуваат тие кои се незадоволни од својата моментална состојба во животот, најмногу бидејќи размислуваат за тоа што пропуштиле и кои можности повеќе нема да ги имаат во животот.
Поради таквиот негативен став, квалитетот на нивниот живот е помал, а и пооптоварени со појавата на новите брчки и негативно гледаат на стареењето. По 46-тата година се јавуваат многу прашања поврзани со возраста, како на пример дали е примерно во тие години да се носат бикини на плажа или куси здолништа во јавност, известија истражувачите.
Сепак, позитивна работа е дека до 60-тата година повеќето жени го прифаќаат стареењето како дел од природен процес па не се оптоваруваат со тоа.