Ангела Меркел во посета на Турција

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска ја почна дводневната посета на Турција.

Меркел посетата ја почна од градот Газиантеп, каде ќе се сретне со германските војници, дел од мисијатра на НАТО, која има за цел да ја одбранат Турција од евентуален напад од страна на Сирија.

Предвидено е Меркел утре да се сретне со претседателот Абдула Ѓул и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, со кои ќе разговара за кризата во Сирија, но и за забрзување на преговорите за членство на Турција во Европската унија.

Меркел ја поддржува идејата за „привилегирано партенрство“ меѓу Турција и ЕУ. Резултатите од анкетата денеска објавени во „Билд ам зонтаг“ покажуваат дека околу две третини од Германците се против членството на Турција во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција