Хрватскиот министер за земјоделство, Тихомир Јаковина изјави дека зголемото ниво на афлатоксин во млекото, што е востановено во лабораториските анализи, е проблем во целиот регион.
Министерот вети помош на млекарите, на кои им е блокиран откупот на млеко.
Млекарите нема да мора да го расипуваат своето млеко, ќе направиме се што е можно за да се намали негативната конотација. Евидентно е дека станува збор за проблем во целиот регион, бидејќи млекото со афлатоксин е пронајдено во Србија, Унгарија и Словенија, што значи дека проблемот не е само хрватски – изјави Јаковина.
Јаковина додаде дека оперативен кризен штаб, секојдневно работи и контактира со сите произведувачи.
Во него мора да бидат вклучени сите произведувачи, систем, а важно е и разбирањето на потрошувачите. Сите произведувачи се должни да прават самоконтроли – истакна тој.