Хакан Шукур е Албанец

Од:

Поранешната ѕвезда на турскиот фудбал Хакан Шукур, сега актуелен пратеник во турскиот парламент соопшти дека е Албанец, јави дописникот на МИА од Тирана.

Јас не сум Турчин, туку Албанец. Но, тоа не е причина да бидам против турската држава и народ, изјави Шукур, додавајќи дека тој во прв ред се себе си се гледа како Албанец за што пресудно е етничкото потекло.

Потеклото, според него, не треба да биде причина за да се искажува омраза меѓу луѓето.

Моето родно место е Турција и јас тука го заработувам лебот. Сите општествени групи и пред се, „нашите браќа Курди“ имаат обврска да останат тука, рече Шукур.

Шукур со клубот Галатасарај го постигна најголемиот успех на еден турски клуб во Купот на УЕФА, кога стигнаа до финалето, во 2000 година.Тогаш со десет постигнати голови беше прогласен за најдобар фудбалер. Неколку години по ред беше најдобар стрелец во првата фудбалска лига на Турција. Играше и за Интер од Милано и за Пармо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски