Абдула Оџалан ги поздрави преговорите водени меѓу турските власти и курдските сепаратисти, водени за прекин на повеќедеценискиот конфликт и ги оцени како историски чекор.
Во кусата изјава на лидерот на курдските бунтовници во Турција, кој отслужува доживотна казна затвор, ги повика сите засегнати страни во конфликтот да манифестираат внимателност.
Турската влада во декември соопшти дека преговара со Оџалан за да ги убеди сепаратистите да запрат со огнот, да се повлечат и да се разоружаат.
Курдската работничка партија (ПКК) на Оџалан се бори за самоуправа на југоисточна Турција, населена претежно со Курди. Во конфликтот, кој трае од 1984 година досега убиени се десетици илјади лица.