Јуниорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во Струга ја освоија шампионската титула

Од:

Незапирливите кошаркарки на „Бадел“ на финалниот натпревар во младинска конкуренција М18 на гостински терен убедливо со резултат 68:40 ја победија екипата на „Струга 2009“.

Со овој триумф кошаркарките на клубот од Кисела Вода станаа државни шампионки.

Титулата за најкорисна кошаркарка на натпреварот (МВП) ја доби Катерина Поп-Димитрова со индекс на корисност 40 и трипл дабл што е реткост во женската кошарка. Поп-Димитрова натпреварот го одигра со постигнати 24 коша, 12 скокови и 10 асистенции.

„Баделки“ на финалниот турнир во Струга во полуфиналето со голема разлика го надиграа и тимот на „Баскет Кам“ од Македонска Каменица, со резултат 61:35.

Би можело да ве интересира

Македонските кадети загубија од Романија, денеска на мегдан со Израел

Баделки убедливо го победија Нирнберг

Скопје домаќин на Европското првенство за кошаркарки до 18 години

Татјана Ташкова

МЗТ Скопје Аеродром ја освои титулата во М12

Наум Локоски