Компанијата Jeep официјално го претстави новиот Cherokee кој ќе дебитира на автомобилскиот саем во Њу Јорк.
Новиот Cherokee се одликува со невообичаен дизајн во предниот дел, најмногу поради новите светла, а исто така ова е првиот модел на Jeep кој има закосена решетка.
Jeep не објави информации за погонските единици со кои ќе се нуди новиот Cherokee, но се шпекулира дека под неговиот поклопец ќе се најдат 2.4 литарски четири-цилиндарски и 3.2 литарски V6 бензинци, како и 2.0 литарски и 3.0 литарски дизел агрегати.
Претстојниот Jeep Cherokee ќе се произведува во Толедо, Охајо, а неговата продажба ќе започне при крајот на 2013.