Хрватскиот кошаркарски клуб Цедевида наскоро ќе се исели од Загреб и заминува во главниот град на соседна Словенија.
Веста ја потврди загрепскиот клуб на неговата службена страница, истакнувајќи дека моментално се водат преговори со Петрол Олимпија од Љубљана.
– Деталите од проектот ќе ги претставиме на конференцијата за новинари закажана за вторник во салата Стожице во Љубљана, каде за проектот ќе разговараат претседателот на Олимпија, Томаж Берлочник и претседателот на Цедевита, Емил Тедески, се вели во соопштението на клубот.
Новиот клуб ќе настапува со ново име во АБА лигата и Еврокупот, а најверојатно е името Олимпија Цедевита.
Доколку двете страни успеат на 4 јуни да ги договорат деталите околу овој проект, тоа ќе значи дека Хрватска ќе го изгуби својот претставник во АБА лигата, а Словенија, пак, ќе има три клубови покрај Крка и Приморска.