(ВИДЕО) Бошкоски: Нема иднина за ВМРО-ДПМНЕ ако не се огради од Никола Груевски

Од:

-Во најтешките времиња кога живеевме во орвелова Македонија, ние го кренавме гласот. Најпрвин најавивме дека доколку не се сруши режимот на Груевски во државата ќе се инструментализира и инсталира тоталитарен режим што и се случи. Се случи тоа во 2011 година, го најавивме на 7 ноемврискиот бунт во 2010 година, се затвори А1 телевизија исто така во 2010 што беше јасна порака дека веќе се инсталира тоталитарниот режим во државата.

Потоа почна политичкиот прогон на 6 јуни 2011 година. Ден по изборите бев затворен. Тоа беше јасна порака до политичарите дека сите ќе завршат така доколку не го прифатат едноумието и тоталитарниот режим како начин на живеење во Република Македонија. Ова го кажа лидерот на Обединети за Македонија која слави една деценија од формирањето.

Како поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски го критикуваше актуелното раководство и одлуките кои тоа ги носи. Според него партијата мора да се дистанцира и огради од политиката на експремиерот Никола Груевски бидејќи истата води кон враќање на тоталитарниот режим.

-Доколку оваа политичка структура која ја води ВМРО-ДПМНЕ јасно не се дистанцира и не се огради од политиката на Груевски, остава сомнежи дека продолжуваат да го негуваат и да се надеваат на нешто што може да биде македонски рецидив, а тоа е враќање на тоталитарниот режим. Верувам дека ќе најдат сила да се оградат од Груевски, да се оградат од штетните политики кои Македонија ја доведоа на работ на амбисот и да имаме коректни меѓупартиски односи. Доколку не се оградат не гледам иднина во таа политичка партија, рече Бошкоски.

Во однос на предметот „Тортура“ кој се однесува на начинот на апсење на Бошкоски, лидерот на ОМ вели дека е задоволен со самото тоа што јавноста ја дозна вистината и изворот од каде биле режирани политичките процеси. Тој очекува осудителна пресуда за обвинетите во овој предмет.

-Јас како христијанин сум задоволен со самото тоа што вистината продира до јавноста. Од бомбите се виде дека сите процеси што е типично за тоталитарен режим биле режирани, организирани, политички процеси. Доколку се биде во ред, епилогот со доказите сигурно ќе се заврши со осудителна пресуда. За мене е поважно дека прогонителите кои мене ме прогонуваа неправедно сега се прогонувани, рече Бошкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира, со нив заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“