Volkswagen ги објави техничките детали и фотографии од моделот XL1 со хибриден погон. Овој автомобил, настанал со идејата неговата просечна потрошувачка да не помине еден литар гориво на 100 километри.
Автомобилот ќе биде прикажен на Саемот за автомобили во Женева, на почетокот на март 2013 година.
За погонот е задолжен 0,8 литарски двоцилиндарски турбо дизел со директно вбризгување кој развива 47 КС во пар со електромотор со моќност од 27 КС и седумстепен автоматски DSG менувач.