Романската Влада промовира здрава исхрана

Од:

Со цел да се промовира потрошувачката на здрава и традиционална храна, романската Влада одлучи да ја намали стапката на ДДВ од девет на пет проценти.

Одлуката се однесува на традиционалните органски производи од Романија, вклучувајќи ги и пијалаците (со исклучок на алкохолните пијалаци), кои ги одобри Министерството за земјоделие.

Владата проценува дека таа одлука во следните четири години ќе создаде буџетски загуби од 175 милиони евра, но сметаат дека ова е најдобриот начин за поддршка на домашната потрошувачка на висококвалитетни прехранбени производи.

– Ова ќе придонесе за намалување на потрошувачките цени, бидејќи цената на овие производи е обично повисока поради високите трошоци за производство, се вели во соопштението на Владата.

Романските потрошувачи се повеќе се заинтересирани за квалитетна, здрава храна, а се повеќе и повеќе кампањи се прават поради раст на бројот на лица со прекумерна тежина и високите стапки на морталитет кај младите.

Според извештајот на ЕУ, Романија има втора најголема смртност по Бугарија, со 1.530 смртни случаи на 100.000 жители, а главната причина се кардиоваскуларните болести. Иако Романија има најниска стапка на дебели лица во ЕУ од 9,1 отсто, стапките кај адолесцентите се зголемија двојно во текот на изминатата деценија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски