Во понеделник вечер во Парк Хотел и Спа беше организирана завршната манифестација на Виз Ер Скопски Маратон, на која присуствуваа сите партнери и учесници.
Сојузот на спортови на Скопје, и оваа година, на 15. јубилеј на Виз Ер Скопски маратон, уште еднаш покажа дека темелите на добрата организација лежат во цврсто поставени цели, пожртвуваноста и многу труд. Тие го постигнуваат тоа благодарение на сите учесници, покровители, партнери, поддржувачи и соработници. На вечерната церемонија тие доделија благодарници на сите тие кои што помогнаа во грандиозноста на Виз Ер Скопски маратон 2019.
Оваа јубилејна година Виз Ер Скопски маратон зеде голем чекор и за зацврстување на хуманитарниот елемент. Тие преку соработка со givengain.com успеаја да поттикнат 164 донации на 4.248 евра од 19 земји за 3 организации, СОС Детско село, Проект среќа и Здружение на лица со пулмонална хипертензија – Момент плус.
Најдобрите 3 женски тимови на 5км тим билдинг трката беа NRC – Nike + Run Club со освоено прво место, Делта со второ место и Алкалоид – Здравјето пред сѐ со трето место. Во машка категорија први беа Делта, втори NRC – Nike + Run Club и трети ДХЛ Тим. Најдобри три женски екипи од 21км тим билдинг трката беа Делта, NRC – Nike + Run Club, Beat Run Crew, а машки АРМ, Делта и NRC – Nike + Run Club. Од женските тимови на штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ најдобри женски тимови беа Triogy Racing, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа ОК Златоврв, АРМ и АК Струмица и мешани МПС Скопје, Ваљда ќе стигнат и ИПА Скопје.
Прво место за најдобар транспарент беше Ива Весевска, а најдобра фотографија имаше Анета Цветкова.