Играта Angry Birds наскоро ќе им биде достапна и на сите сопственици на Nintendo Wii и Nintendo Wii U.
Компанијата Activision минатата година ги понуди игрите “Angry Birds”, “Angry Birds Rio” и “Angry Birds Seasons” на еден диск со нови содржини.
Датумот се уште не е најавен, но она што е сигурно е тоа дека играта ќе биде достапна во текот на оваа година.