Нова жртва од свински грип во Македонија

Од:

Пациентка родена 1962 година со детектиран вирус на грип од типот А (H1N1) почина денеска во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Таа е петта жртва на вирусот на грип оваа сезона.

Пациентката на 19 февруари, стои во соопштението од болницата, беше хоспитализирана на инфективното одделение во тешка општа сосојба, со глобална респираторна инсуфициенција со сатурација на кислород под 50 отсто и поставена на асистирана вентилација.

Анамнестички болеста почнала 10 дена пред приемот. Веднаш е повикан конзилиарен инфектолог кој поставил сомнение за Х1Н1, што е потврдено и со анализите направени во Институт за јавно здравје. Пациентката била веднаш поставена на антибиотска терапија и на тамифлу, но и покрај сите преземени мерки денеска починала.

Би можело да ве интересира

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип