Италија сака Северна Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

Италија останува на позицијата дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори, изјави денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

– Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Северна Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео кој денеска имаше обраќање на Меѓународната академска конференција за европски интеграции „Иновирајќи ја Европа“ организирана од Универзитетот Американ колеџ во Скопје и Римскиот универзитет Тор Вергата.

Тој посочи дека во контекст на реформите важни се оние во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите кои треба да се завршат. Смета дека на ЕУ и се потребни институционални реформи.

-Не верувам дека луѓето во Европа ја изгубиле довербата во ЕУ, постои само незадоволство од европските институции кои треба да бидат поблиску до граѓаните и нивните потреби. На Европа и се потребни институционални реформи, а на граѓаните им е потребна повеќе ЕУ, а не помалку, рече амбасадорот Ромео.

Ректорот на Римскиот универзитет „Тор Вергата“, Џузепе Новели смета дека универзитетите ја зголемуваат и стимулираат можноста за проширување на Европа, затоа што вели, потребна ни е силна Европа.

-Очекувам по изборите во мај нов договор за универзитетите и нов договор за Европа, вели професорот Новели кој се залага за обединување на универзитетскиот систем во Европа.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати