Бертенс го освои трофејот во Мадрид

Од:

Холанѓанката Кики Бертенс е победничка на турнирот во Мадрид, откако вечерва во финалето беше поуспешна од Симона Халеп од Романија.

Седмата фаворитка за нешто помалку од еден и пол час ја победи третата носителка со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4.

Турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 6,53 милиони евра.

Утре во машкото финале ќе се сретнат Нова Ѓоковиќ и подобриот од вечерашниот меч Циципас – Надал.

Би можело да ве интересира

Од понеделник Новак Ѓоковиќ најдобар тенисер на светот

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го надмина Конорс по бројот на недели како лидер на АТП листата

Мареј елиминиран уште во првото коло на турнирот во Синсинати

Ѓоковиќ: Федерер е најголемиот играч на сите времиња