[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Три индиски девојчина на возраст од шест до 11 години, се пронајдени силувани и убиени, а нивните тела биле фрлени во јама, во едно село во западна Индија, соопшти полицијата.
Телата да девојчињата се пронајдени минатата недела, два дена по нивниот исчезнување од домот, во околината на Бхандар, советска држава во Махароштра, пренесе „Фрас прес“.
Полиција соопшти дека никој се уште не е уапсен, но осомничени се четири лица.
Членовите на семејството изјавија дека девојчињата излегле од домот за да ја пронајдат мајка им, и од тогаш никој не ги видел.
Голем протест во индискиот Њу Делхиј се случи по бруталното силување и убиство на 23-годишната студентка во декември, а тој инцидент предизвика дебати во цела Индија за односот кон жените и девојчињата, како и за нивната безбедност.