Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, ги демантираше обвинувањата за штрајк

Од:

По изјавата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Мирослав Стојановски дека вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ штрајкуваат и не го собираат сметот бидејќи не зеле плата, денес обвинувањата ги демантираше директорот Сашо Петрушевски.

Петрушевски истакна дека сите вработени се излезени на терен и во претпријатието не постои никаков штрајк, и дека Стојановски само пласира дезинформации, за кои се надева дека граѓаните ќе ги препознаат.

-Јануарската плата ќе се исплати до крајот на месецот. Ниту „ш“ од штрајк нема, никакво наводно организирање на вработените со неисполнување на работните обврски. Имам неколку прашања до Стојановски, дали според сите законски правила и прописи, штрајкот го организира синдикатот, претседателот на синдикат заедно со извршниот одбор? Дали тој вчера ме побарал на работното место и од каде знае дека не сум бил? Нека одговори на јавноста за која неисплатена плата зборува – истакна директорот Петрушевски.

Претседателот на синдикатот во ЈП „Чистота и зеленило“, Оливер Трајковски изјави дека не сака да се злоупотребуваат правата на работниците и да се користат во политички цели.

-Јас како претседател на синдикат немам организирано и најавено штрајкт, затоа што нема основа за такво нешто. За платата има услови да се даде до крај на месецов, се друго треба да се остави на синдикатот, ние да си ги решаваме нашите проблеми- изјави Трајковски.

Би можело да ве интересира

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on