Јелена Ѓоковиќ, сопруга на тенисерот Новак Ѓоковиќ, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со емоционално видео со ќерката Тара.
– На оваа снимка и ја читам првата книга на Тара. Таа тогаш имаше само 7 месеци. Помнам дека бев мног горда на неа, дури и сега, кога го гледам ова видео по толку многу време, не можам а да не се восхитувам на нејзините рачиња кои ги истражуваат страниците, и возбудата што ја покажува кога ја вртиме секоја нова. Многу сум задоволна што толку рано се запознавме со книгите, бидејќи сега откриваме нови светови во некои нови книги, и тоа е нешто што во голема мера се возбудува, напиша Јелена во описот на видеото.