Ако Турција купи руски С-400, САД би можеле да ја преселат Инџирлик во Грција

Од:

САД размислуваат да ја пренесат својата воздухопловна база од Турција во Грција, ако Анкара не се откаже од набавката на рускиот противракетен систем С-400, изјави за „Катимерини“ американскиот сенатор Боб Менендез.

Во интервју за грчкиот весник, демократскиот сенатор укажува дека со ова Вашингтон ќе покаже дека се грижи, како за својата, така и за национална безбедност на сојузниците, во согласност со Членот 5 од договорот за НАТО. Менендез сепак се надева дека тоа нема да се случи.

– Не очекуваме дека Турција ќе застане на тенок мраз. Но, ако го направи тоа, ние ќе сториме се што е во наша моќ да ја заштитиме нашата и националната безбедност на нашите сојузници, соодветно на Членот 5 од договорот за НАТО, изјави тој.

Според него, Вашингтон е подготвен да ја пресели својата база Инџирлик од јужна Турција во Грција, но се надева дека „односите со Анкара нема да дојдат до таму“.

Како што е веќе познато, Турција и Русија во декември 2017 година потпишаа договор за набавка на противракетниот систем С-400. Според Менендез, Москва треба да и испорача на Анкара две батерии С-400, што ќе бидат управувани од турски воен персонал кој треба да помине обука во Русија.

Исто така, Турција има намера да започне воено – техничка соработка со Москва за можно започнување на производство на руски противракетни системи во Турција.

Турција е членка на НАТО и истовремено соработува со Русија, иако НАТО уште од 2014 година е во конфронтација со Москва, каква што досега немало од времето на Студената војна.

Менендез и неговиот републикански колега, сенаторот Марко Рубио, деновиве се во официјална посета на Атина.

Двајцата сенатори се автори на Законот за безбедносно и енергетско партнерство во Источниот Медитеран, со кој треба да се укине американското ембарго за извоз на оружје за Никозија и да се придонесе за зајакнување на безбедноста на Грција и Кипар, но и да се подобри енергетската безбедност во регионот.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот