Бензините поскапуваат од 2,5 до три денари, дизелот 1,5 денар

Од:

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на Еуросупер 98 и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95