Николовски: Имаме рекорден број странски инвестиции, раст на платите и намалена стапка на невработеност

Од:

– Поради се што направивме како Влада успеавме да ја трасираме државата по вистински пат. Оваа година ќе биде година на економијата. Процесите кои ги водевме, успешните евроинтеграции и помирувањето со соседите се докажани низ факти и бројки, рече Љупчо Николовски, вчера во Кочани.

Имаме рекорден број странски инвестиции, раст на платите и намалена стапка на невработеност. Во земјоделството продолжуваат мерките што обезбедуваат повисоки субвенции, намалени трошоци на производство и зголеменета државна поддршка. Со започнување на преговорите со ЕУ, се отвораат нови пристапни фондови што обезбедуваат дополнително повеќе пари за земјоделците, порача Николовски.

Николовски потенцираше дека претседателските избори треба да бидат потврда за се што е сработено до сега и уште поголем мотив да продолжиме напред.

– На овие избори ќе се потврди дека сме на вистинскиот пат. Граѓаните сакаат напредок и интеграции наместо темнина и изолација, и затоа на овие избори својата поддршка ја даваат за Стево Пендаровски. На граѓаните им треба истински претседател, партнер на граѓаните, а Стево е токму таков, заклучи Николовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Николовски: Докажавме дека сме искрен партнер на земјоделците, заедно ги креираме мерките и го развиваме македонското земјоделство

Николовски: Лажни обвинувања, со лажни договори од Цветан Трипуновски

Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс

Катерина Ѓуровски

Николовски: Како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО