Драги: Закрепнувањето на еврозоната се уште под ризик

Од:

Закрепнувањето на еврозоната од катастрофалната економска криза се уште е ризично, изјави денеска претседателот на Европската централна банка Марио Драги, повикувајќи ги земјите кои се соочуваат со најголеми потешкотии да се фокусираат на кратење на трошоците и на имплементацијата на реформите.

Финансиските пазари од почетокот на годината го намалија притисокот врз земјите од еврозоната, при што аналитичарите сметаат оти со тоа се појавува надеж дека 17-члената монетарна унија е на добар пат да закрепне, јави ДПА.

– Монетарната унија се соочува со ризикот од намалената домашна побарувачка и помалиот извоз, бавното спроведување на структурните реоформи и геополитички прашања и неизбалансираности, предупреди Драги.

Тој во обраќање пред европратениците во Брисел нагласи дека овие фактори имаат потенцијал негативно да влијаат врз сегашното подобрување и да го одложат закрепнувањето.

– Целокупната ситуација се уште е кревка. Се додека не видиме раст, ќе остане таква. Поротата е се уште на сцена…Во меѓувреме мора да истраеме додека да ги доведе своите сметки во ред, нагласи Драги.

Тој ја повтори својата поддршка за плановите оваа година за предлогот на Европската унија за механизмот за решавање на проблемот со банките кои работат со загуба, како дел од обидите за креирање на унија на банките на еврозоната.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он